Почнува Штипско културно лето 2016
Триесет културно-уметнички содржини ќе им бидат понудени на граѓаните на Штип на 31-то издание на Штипско културно лето (ШКЛ), кое почнува вечерва со отворање на изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“. Изложбата во 21 часот во Центарот за културата „Ацо Шопов“ ќе ја отворат амбасадор на Република Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш, и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.
Кирил Панајотов советник за јавни дејности во општина Штип денеска истакна дека публиката настаните ќе ги следи на неколку локации во градот.
- Ќе понудиме околу 30-тина настани. Ако ги групираме според категоријата би рекол пет изложби, пет театарски претстави, девет концерти од различна област – имаме и класична музика, но и рок концерти и популарна музика. Имаме и четири промоции на книги како и две дополнителни други промоции, изјави Панајотов.
За разлика од претходните години, годинава на ШКЛ ќе има поголем број на театарски претстави, а за најмладата публика ќе има две детски претстави.
Организаторите најавија дека Програмата на годинашното издание на ШКЛ најверојатно ќе биде дополнета со уште неколку филмски проекции од Израел, а оваа летна манифестација ќе заврши на 28 јули.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест