Почнува сезона на протести и штрајкови за усогласување на платите
Сезоната на штрајкови и протести е отворена. Први почнуваат вработените во Управата и правосудството кои в четрврток и петок ќе протестираат два часа.
Тие во период од 10 до 12 нема да работат затоа што Владата не е заинтересирана да преговара за зголемување на нивните плати со новиот минималец од 18.000 денари. Спротивно на закон, државните институции веќе исплаќаат плати пониски од минималната.
Идната недела ќе штрајкуваат и вработените во пошта. Ќе престанат со работа на 14-ти март. Бараат зголемување на платите за 3000 денари, но за ова нема слух ниту од раководствто на Пошта ниту од Владата. Велат дека платите не им се покачени 30 години, а немаат ниту основни услови за работа.
Според синдикалците, Пошта не може да покачи плати на работниците затоа што на платен список има вработени кои воопшто не доаѓаат на работа. Овој проблем мора да се реши за компанијата да може да работи.
И СОНК в понеделник ќе стапи во штрајк. Најавено е дека ќе биде прекината наставата и нема да бидат згрижувани децата во градинките. Но, на ваквата одлука на синдикатот реагираат средношколците.
СОНК синоќа последен пат преговараше за зголемување на платите согласно новиот минималец и колективниот договор, но, решение не е постигнато.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар