Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица.
-Ова е чин на голема возбуда и задоволство затоа што од таа гимназија се излезени многу професори, научници, градоначалник, изјави Мицкоски.
Посочи и дека на штотуку завршениот втор повик на Министерството за локална самоуправа, Општина Тетово за проекти добива 11,5 милиони евра и заедно со 3,7 милиони евра од првиот повик - 15 милиони евра.
-Тоа не е само асфалт и бетон туку квалитетен живот на граѓаните, што не се случило во историјата на Тетово и во цела држава, истакна Мицкоски.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами соопшти дека со реконструкцијата, гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ ќе добие целосно нов лик и нови услови за учениците.
Како што рече, двата објекта што ја сочинуваат гимназијата, се најстари во Тетово и „симбол за традиција во градот“.
МИА
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница