Почнува реализацијата на „Вирови“ – најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија
Изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, најавија денеска премиерот Зоран Заев и германската компанија WPD.
Како што соопшти Заев, станува збор за најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес.
Ќе се гради, рече Заев, ветерен парк т.н. Вирови – најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК Битола. Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.
„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.
-Ова не е само најголемата германска иневстиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвиденбите 700 мегавати со стратегијата, истакна Заев.
Според него, големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата, а доаѓаат зашто добро се сработени реформите.
-Ја донесовме потребната легислатива, создадовме услови за инвестирање во безбедна и сигурна земја, фер услови за сите. Работиме согласно европските правила, со сериозни и докажани инвеститори, нагласи премиерот.
WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.
Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холтајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.
-Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбиционзите цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.
Ново на Сител
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети