-->
-->
Почнува расправата за Буџетот за 2017 година
-->

Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне расправата по Предлог буџетот на Република Македонија за 2017 година.
Вкупните приходи според предлогот се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.
Капиталните инвестиции се планирани на 26,95 милијарди денари.
Буџетот е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 проценти, а инфлацијата да остане на ниво од 1 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
