Почнува проект за подобрување на управувањето со водите во сливот на Струмица

Започнува нов шестгодишен проект за подобрување на управувањето со водите во сливот на реката Струмица. Проектот ќе го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со повеќе институции на национално и локално ниво, а со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Почетокот на реализацијата беше означен денеска во Струмица.
Целта на проектот, кој е со буџет од речиси 3 милиони швајцарски франци, е да го намали ризикот од поплави и суши, да го намали загадувањето и да го подобри еколошкиот статус на водите во сливот на река Струмица.
- Со овој проект Швајцарија ја продолжува поддршката на секторот води во Македонија, главно преку поддршка во исполнувањето на барањата на директивите на ЕУ за интегрално управување со водните ресурси, изјави швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото.
Од УНДП укажуваат дека состојбата со екосистемот на сливот на река Струмица, во последните децении, е под зголемена закана од загадувањето и порастот на потрошувачката на вода во земјоделството, индустријата и урбаните центри. Неодржливите земјоделски практики, вклучувајќи ја зголемената употреба агрохемикалии и неефикасните методи за наводнување, негативно влијаат врз квалитетот на водите. Од друга страна, потрошувачката на вода од страна на стопанството и населените места, ги зголемува флуктуациите на водните нивоа. Овие акумулирани притисоци го зголемуваат ризикот од поплави и суши, правејќи го овој екосистем особено ранлив на влијанијата на климатските промени, што со себе носат повисоки температури и екстремни метеоролошки појави.
Според заменик-постојаниот претставник на УНДП Алесандро Фракасети овој проект значително ќе придонесе кон намалувањето на ризикот од поплавите, воведувањето на одржливи земјоделски практики и поголема контрола на загадувањето, овозможувајќи подобрување на условите за живот на локалното население.
Преку развој на иновативни решенија за подобрување на пристапот до информации и знаење, ќе се поддржи воведувањето на агроеколошките мерки и добрата земјоделска пракса, со што ќе се овозможат еколошки и социо – економски придобивки. На фармерите ќе им се обезбеди директна поддршка во форма на обуки и грантови за воведување одржливи земјоделски практики, вклучувајќи поголема контрола на примената на агрохемикалии и вода за наводнување.
Во соработка со управувачите со постоечките брани и други водостопански објекти, ќе се разработат решенија за подобрување на нивните оперативни режими, заради поефикасна примена во заштитата од поплавите.
На локално ниво, ќе се зајакнат капацитетите на општините за поефикасно спроведување на барањата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето. Со исполнување на ограничувањата на емисиите на загадувачите од технолошките процеси, во голема мерка ќе се подобри севкупниот квалитет на животната средина.
Проектот, исто така, ќе ги поддржи напорите за воведување на Директивата за поплави на ЕУ, што се смета за многу важен чекор кон остварувањето на приоритетите на процесот за приближување кон ЕУ.
Преку воведувањето модерен систем за управување со водите, проектот ќе придонесе кон оптимизирање на придобивките како за локалната економија, така и за животната средина во целина.
По сливот на Преспанското Езеро, ова е второ сливно подрачје во државата, каде што УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка спроведуваат ваков сеопфатен проект за заштита и одржлив развој.
Ново на Сител
-

Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
-

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено
-

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен
-

Состојбата со снегот се стабилизира, се расчистуваат патиштата што водат кон селата, екипи на ЕВН се на терен во селото Илино
-

Орбан: Одам во Давос на покана на Трамп, ќе го потпишеме основачкиот документ за Одборот за мир
-

Шефот на НАТО вели дека „има уште многу работа“ околу Гренланд
-

На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри
-

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
