Почнува процесот за враќање на солидарниот данок, компаниите дo УЈП треба да поднесат барање

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност.
Од Министерството за финансии за МИА велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. - Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во Службен весник. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи, информираат од МФ.
Со Законот за данок на солидарност беа опфатени компании кои во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата коишто беа уплатени во Буџетот по основ на Законот. Врз основа на оваа Одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
