Македонија
22. August 2019 - 12:27

Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

Од денес стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи на 6 октомври. Тие кои ќе се пријават во текот на денешниот и утрешниот ден ќе може да го одберат својот стартен број.

Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од два пати по 5 километри.

За повеќе информации за „Skopje Run 10K“ посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

„Skopje Run 10K“ веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).