Почнува постапката за прераспределба на рамковните административци во 237 институции
Почна постапката за прераспределба на 1349 рамковни административци во 237 институции. Вицепремиерот Груби очекува од 1 февруари да почнат со работа.
Согласно планот што го усвои Владата службениците нема да имаат опција да бираат во која институција ќе работат, како што претходно беше најавено. Груби уверува дека листата е прочистена од оние лица кои се надвор од државата. Со дел биле раскинати договорите, дел сами си дале отказ.
Најголем дел од овие службеници се економисти и правници, но има и со средно образование. Во листата нема само Албанци, туку има и Македонци, Срби, Турци... Институциите што ќе ги примат се должни да ги обучат за работа.
Сепак, поради Законот за заштита на личните податоци јавноста, барем засега, нема да има увид кој службеник каде ќе биде прераспределен. Списокот треба да се прочисти и можно е да бидат објавени нивните имиња, струка и степенот на завршено образование.
Според најавите на Груби, во МВР ќе бидат прераспределени 134 службеници, во Агенција за вработување - 20, Агенција за заштита на лични податоци - 30, Агенција за катастар - 39, Агенција за храна и ветеринарство - 10, Влада - Служба за општи и зааеднишки работи - 12, Дирекција за заштита и спасување - 10, Државен архив - 12, Државен инспекторат за труд - 13, Државен пазарен инспекторат - 35, Министерство за информатичко општество - 11, Министерство за надворешни работи - 26, Министерство за образование - 11, Управа за водење на матични книги - 41, Царинска управа - 74, Освен суд - Тетово - 10, Основно јавно обвинителство - Тетово - 10.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова
-
Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули
-
Две лица со оружје ограбиле казино во Илинден
-
Европратениците ја одобрија новата Европска комисија