Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
Во зградата на Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе се одржи официјалната церемонија на почетокот на одбележувањето на Денот на Европа – 9 мај и на 75-годишнината од усвојувањето на Шумановата декларација.
Церемонијата ќе започне со емитување на видео порака на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, по што ќе следи обраќање на потпретседателот на ЕП, Јунус Омарџи.
Свечениот дел од стартот на овогодишното одбележување на Денот на Европа ќе заврши со настап на музичкиот ансамбл „Воа де Страс“ (Voix de Stras’).
Посетителите преку разни изложби и интерактивни активности, ќе можат да се запознаат како функционира Европскиот парламентот, како се усвојуваат законите и зошто е важна европската политика.
Најголемиот дел од настаните поврзани со одбележувањето на Денот на Европа во европските институции ќе се одржат на 9 и 10 мај.
Инаку годинава, ЕУ заедно со Денот на Европа ја одбележува и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасира патот за просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка во Европа.
Ново на Сител
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа