Почнува новата сезона на Аква паркот во Скопје
В петок со почеток од 10 часот ќе почне новата летна сезона во Аква паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“.
Оваа година Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.
Новитет е и полудневната карта што ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.
Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.
Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.
Ново на Сител
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија