Македонија
20. January 2016 - 19:32

Почнува наставата и во Тетово

По повеќе од еден месец учениците од општина Тетово утре се враќаат на настава.
 
Поради загадениот воздух за нив распустот кој завршува денес, почна порано уште на 17 декември. 
 
Сепак учениците нема да имаат поголем распуст. Во второто полугодие ќе треба да се надополнат пропуштените часови.   
 
Изминатиот месец додека немаше настава во тетовските училишта се работеше на подобрување на инфраструктурата.