Почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“

Педесетина поети од земјава и странство ќе учествуваат на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, која традиционално по 9. пат од денеска до 6 јули ќе се одржува во Струга, Охрид и Вевчани, во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата „Бранувања“.
Настанот, како што најави организаторот, ќе почне вечер со промоција на книгата „Небесна тишина“ на Новица Соврљиќ во охридската библиотека „Григор Прличев“.
Во спомен домот на браќата Миладиновци утре ќе се одржи „Книжевна пловидба“, како и стручна работилница на тема:„Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска литература, култура и уметност: 75 години од ослободувањето“. Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ предвидено е врачување на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на Даниела Андоновска – Трајковска и Игор Крајчев. Ќе биде доделена и постхумно благодарница на Владо Малески за уметничкиот влог во создавањето на химната и неговиот придонес во градењето на слободна Македонија.
Поетски маратон ќе се одржи на Вевчанските извори, а ќе портрет ќе има и за добитниците на годинашната награда „Струшко слово“ Лидија Капушевска – Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ.
На 6 јули во предворје на црквата Св. Ѓорѓија од Струга ќе бидат доделени наградите „Книжевна далга“ за 2019 година на Димитар Пандев, и „Бранувања“ за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори.
Ново на Сител
-

Онлајн радикализацијата како безбедносен проблем: Како се одвива екстремистичкото регрутирање
-

Стан во Аеродром за 166 500 евра, куќа во Центар 1,5 милиони евра - пазарот на недвижности во подем
-

Истрага за злоупотреба на боледувања се води и во МВР - за Тошковски виновни се лекарите
-

Спасен видот кај 16 пациенти со трнасплантација на рожница
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
