Почнува кампањата за предвремените парламентарни избори во Бугарија
Во Бугарија денеска официјална почнува изборната кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 26 март.
Кампањата официјално завршува на полноќ на 24 март, кога започнува предизборниот молк.
Како што јави БТА, новина на овие избори е задолжителното машинско гласање, за што одлука донесе Врховниот административен суд на Бугарија. За спорведување на машинското гласање ќе бидат потребни над 12.500 апарати.
Изборите ќе се спорведуваат според пропорционален модел со преференцијално гласање во 31 изборни единици, кои зависоно од големината даваат различен број пратеници. Најголема е изборната единица 24 во реонот на Софија, која дава 16 пратенички мандати.
Во трката за 240 места во бугарското Народно собрание учествуваат вкупно 4.732 кандидати од 27 партии и коалиции.
Според анкетите на јавното мислење на изборите се очекува неизвесна борба меѓу паријата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на донеодамнешниот премиер Бојко Борисов и коалицијата преводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП), кои уживаат речиси подеденаква поддршка на избирачите
Места во Парламентот се очекува да обезбедат уште најмалку четири други партиски или коалициски листи.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o