Почнува кампања за заштита од дискриминација врз сите основи
Кампања за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет почнуваат од денеска Асоцијација за здравствена едукација и истражување - ХЕРА и Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, а со поддршка на Холандската амбасада.
Главната порака на кампањата е „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај“.
Програмскиот директор на ХЕРА, Драшко Костовски денеска на прес-конференција рече дека во проектот се вклучиле три општини Штип, Куманово и Струмица, чии совети формирале локални координативни тела за заштита од дискриминација, чија задача е да ги поттикнат граѓаните да пријавуваат дискриминација.
- Седма година откако го имаме Законот за заштита од диксиминација, се соочуваме со малиот број претставки поврзани со дискриминација. Има три основи за дискриминација и вознемирување. Едната се однесува на работно место и е заснована на родова дискриминација, втората се однесува на дискриминација поврзана со социјален статус, а третата е вознемирување поради родово идентификување и сексуална ориентација, посочи Костовски.
Нагласи дека во наредниот период ќе организираат трибини во пет градови и ги повика општините да се приклучат кон нивната иницијатива.
Координаторот на проектот на ХЕРА, Драгана Дрндаревска истакна дека иако граѓанските организации на почетокот на донесување на Законот побарале да се усвојат измени кои ќе ја вклучуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, тоа досега не е направено.
- Она што е позитивно на ниво на политика е што Министерството за труд и социјална политика оваа година донесе стратегија за заштита од дискриминација која првпат ја вклучува сексуалната ориентација и родовиот идентитет како заштитени карактеристики и основи за дискриминација. Од ова може да цениме дека генерално имаме некакво позитивно поместување на ниво на политики, додаде Дрндаревска.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот