Почнува изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во ТИРЗ – Скопје 2
Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во земјата.
На настанот е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Обраќања ќе имаат и претставници на раководството на глобално реномираните компании американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“.
Станува збор за нова инвестиција која се реализира со заедничко вложување на двете компании, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа