Македонија
12. May 2022 - 12:31

Почнува Интернационалниот фестивал за монодарама во Битола

Од 14 до 21 Мај во Битола ќе се одржи 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во организација на НУ Центар за култура. 13 монодрами од 11 земји од светот ќе учествуваат на годинешното издание на овој фестивал, кој е еден од ретките фестивали глобално, посветени на оваа театарска форма. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Помеѓу“.

-Имавме над 70 апликации од целиот свет, со тоа што само 11 беа од Хрватска. Логото „Помеѓу“ треба да зборува што се случуваше во овие години, пред короната и сега после короната“, изјави Маја Андоновски Илијевски, директорка на Центар за култура Битола.

Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот тетатар, актерот Петар Мирчевски. 

„Навистина е за поздравување што на овој фестивал има земји како што се Англија, Шпанија, Израел, Азербејџан, Хрватска, Бугарија, Романија, Молдавија и сето тоа на едно завидно ниво. Можам да споменам дека и жанровски е различен фестивалот“, истакна Петар Мирчевски, селектор. 

Фестивалот кој е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, почнува со гостувањето на МНТ од Скопје со наградуваната претставата „Само глас“ и завршува на 21 мај со  прогласување на наградените и изведба на претставата во нивна чест од Драмски театар Скопје, „Странци“.