Почнува фестивалот за процесирање култура „ДримОн“
Под мотото „Крени уши“ од денеска до 31 јули во Струга ќе се одржи 4. издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримОн“ во организација на Здружението на млади уметници „Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА“.
Петте фестивалски денови нудат дебати, изложби, музички настани, перформанси, филмови, работилници со звучни имиња од културата и уметноста за сите генерации. Секој ден ќе има своја тема меѓу кои се „Фешта во фацата на хипокризијата“, „Све(с)т во транзит“, „Сираци на татковината“, „IN ABSENTIA“ и „Колку е часот“.
- Фестивалот ќе понуди сцена за изразување различни прогресивни погледи, поинакви настапи на активизам и ќе инспирира критична демократска мисла на граѓаните. Годинашниот слоган е „Крени уши“, што подразбира дека ни треба опоравување, закрепнување и подигање на нивото од шундот, кичот и падот на вредности што се случува општеството, информира Кристина Тодороска-Петреска од здружението ИНКА.
Фестивалот ќе биде отворен со групна изложба од повеќе млади автори од македонската современа ликовна сцена и концерт на „Штутгарт онлајн“. На програмата се и изложбите „Вечното враќање“ на Оливер Маринковски, „Прошетка низ наративните линии“ на Ангел Миов и „Оставете ги да зборуваат“ на Сабина Гузик. Музичкиот дел е поделен на дневни и ноќни активности на кои настапи ќе имаат повеќе групи и диџеи.
Ќе има и работилници со теми од областа на танцот, сликање на текстил, изработка на колажи, детска работилница со театар на сенки, стенсил и графити работилници... Во филмскиот дел ќе има проекции одбрани шпански филмови во соработка со Скопје филм фестивал, кратки документарни филмови нa Скуп, филмовите „Девојката што паѓа“ на Владимир Лукаш, „Кружниот пат на Марето“ од Жарко Иванов, филмови на Синиша Ефтимов и Јане Алтипармарков. Филмската програма традиционално ќе заврши со театарска претстава „Госпоѓица Јулија“ на Театар „Фабрика“, во копродукција со Драмски Театар.
Целта на „ДримОн“ е обезбедување слободен влез за публиката во реалните достигнувања на современата уметност, промоција на независниот филм, литература, театарската и музичката сцена и поттикнување на културниот активизам.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени