Почнува фестивалот „Книжевни ѕвезди“

Сценски перформанси, дебати, креативни детски работилници, филмски проекции и концерти ќе понуди 2. Фестивал на европската литература „Книжевни ѕвезди“ што почнува денеска, а ќе трае до 11 ноември.
Фестивалот годинава е во знакот на жените. Под мотото „Симни ми ѕвезда“, пред домашната публика ќе бидат претставени четири исклучителни писателки од Европа, една македонска писателка од новиот бран, антологија на современите македонски поетеси, антологија на најубавите песни од европски авторки, а книжевната трибина, исто така, е посветена на оваа тема.
Како што најавува организаторот, издавачката куќа „Антолог“, покрај книжевни промоции, предвидени се и десетина концерти и настапи на познати бендови, како и друг вид млади уметници, сценски перформанси, дебати, креативни детски работилници и филмски проекции иако фокусот останува на книжевноста.
- Мотото „Симни ми ѕвезда“ ја прикажува литературата како нешто најдлабоко и облагородувачко во нашите животи. Ѕвездите се симбол на копнежот по љубовта и по возвишеното. „Симнувањето ѕвезди“ е човечки обид да се спојат земското и вонземското, телесното и духовното, и во буквална и во метафорична смисла, вели организаторот.
„Книжевни ѕвезди“ е поддржан од Европската унија, Министерството за култура на Република Македонија, амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Официјалниот фестивалскиот спот https://youtu.be/
Фестивалскиот слоган е инспириран од хаику поезијата на поетот Никола Маџиров.
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
