Почнува фестивалот „Дотерај го Скопје“
Со отворање на изложбата „Урбани херои на Скопје” вечерва во „Јавна соба“ почнува фестивалот „Дотерај го Скопје”.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии од над 50 интервенции кои граѓаните ги направија на запуштени јавни простори во шест општини со цел да го разубаваат Скопје.
Организаторите денеска на прес-конференција најавија богата програма наменета за сите генерации која вклучува забава, работилници, комедија и дебати.
Посетителите истиот ден ќе имаат можност да го следат натпреварот за најдобар млад микрофон – млади стендап комичари, како и концертите на Александар Пешевски и Минстрелс галери.
Фестивалот „Дотерај го Скопје“ е заокружување на тримесечната работа на терен на повеќе од 300 граѓани кои летово засадија 1.500 бршлени на 50 различни локации. Истовремено беа направени пет музички спотови во продукција на Јавна соба и кретивната агенција SawyerFinn од Скопје, кои премиерно ќе бидат прикажани од 1 до 4 септември.
Програмата за фестивалот може да се најде на Фејсбук страната doterajgoskopje. Влезот во „Јавна соба“ е бесплатен.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!