Почнува Европско првенство во ракомет 2026

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали.
Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година.
На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти пат откако беше воведен проширениот формат на натпреварувањето. Трите домаќини - Данска, Норвешка и Шведска - обезбедија директен пласман, како и Франција, актуелниот европски шампион, додека преостанатите селекции го освоија своето место преку квалификациите што траеја од јануари 2023 до мај 2025 година.
Натпреварите ќе се играат во неколку градови домаќини, а финалето на Европското првенство е закажано во Хернинг (Данска).
Репрезентациите се поделени во шест групи од по четири екипи, по што ќе следат главната рунда, полуфиналето и натпреварите за медали.
Покрај борбата за титулата европски шампион, ЕХФ Евро 2026 има и дополнително натпреварувачко значење, бидејќи првенството ќе служи како квалификациски турнир за Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се игра во Германија, како и за следните големи меѓународни натпреварувања.
Титулата ја брани Франција, која на претходното Европско првенство ја победи Данска во финалето со резултат 33:31 по продолженијата, во еден од највозбудливите завршници во историјата на ова натпреварување.
На ЕП 2026 учествува и македонската репрезентација. За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат. Најдобар пласман Македонците го имаа на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.
Својот прв настап избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат утревечер (20:30 часот) против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг.
МИА
Ново на Сител
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
