Почнува Д фестивалот во Дојран

Најмалку десет пати поголема посетеност се очекува на годинашниот Д фестивал што почнува вечер во Дојран. Капацитетите за сместување, велат организаторите, се целосно пополнети, а интересот е огромен не само кај домашните, туку и кај странските гости.
Кирил Џајковски, Фолтин, Љубојна, Електрични оргазам и култниот Ману Чао се само некои од музичките артисти што ќе настапат на Д викендов. Фестивалскиот камп почнува попладнево, а главната сцена ќе биде отворена од 19 часот.
- Очекуваме рекордна посета. Камперите веќе го наполнија паркот на влезот во Стар Дојран - официјалниот фестивалски камп, а според проценките, посетата од странски туристи ќе биде најмалку десет пати поголема во споредба со минатата година. Најголемиот број доаѓаат од соседните земји, но на наше изненадување и задоволство, најавени се многу добредојдени посетители и од Западна и Централна Европа, изјави Владимир Лазароски од „Пасворд продукција“.
Тридневните влезници од денеска можат да се набават за 800 денари. Дневните билети ќе чинат 350 денари (за петок и сабота), додека цената за недела е 450 денари.
- Фестивалот чии билети се со најниска цена во цела Европа, има програма по светски стандарди и логистички е подржан единствено од општина Дојран, без дополнителни субвенции од ниту една друга институција, нагласува Лазароски.
Д фестивалот има три сцени на кои ќе настапат преку 30 артисти и бендови. Главната програма ќе се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран, т.н. Москито стејџ или втората фестивалска сцена е сместена во кампот и има посебна програма утре и задутре, додека третата сцена е резервирана за неколку десетици ди-џеи, а се наоѓа на едниот крај од кампот.
Организаторите најавуваат и дополнителна дневна програма: Граѓанската зона за акција, работилници, дебати, презентации, изложби, поетски читања, проекции, дискусии,...
Ново на Сител
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
