Почнува „Д фестивал“ во Дојран

Во Дојран вечер почнува осмото издание на „Д Фестивал“, кој ќе трае до 8 јули.
Арт поп ѕвездата од светската авангарда Севдализа, култната наша група „Архангел“, популарниот амстердамски бенд „Мај бејби“ и ди џејот Пол Ван Дајк се само неколку од педесетината домашни и странски реномирани музички имиња и групи кои ќе настапуваат на четирите отворени сцени на најголемиот летен музички настан во Македонија.
Во посебно уредени зони на кампот, во кој се очекува да се сместат од 8.000 до 10.000 посетители организаторот и покровителот општина Дојран, покрај музичките настапи планираат одржување на панел дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов истакна дека сите капацитети во Дојран се полни и дека за време на одржување на фестивалот. Покрај редовните гости, тој очекува дневно во Дојран да доаѓаат и до 30.000 луѓе. Посочи дека сите подготовки во нивна надлежност се завршени и оти комуналните служби за собирање отпад ќе работат во две смени.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
