Почнува 8. „Топол културен бран“, повеќе настани деновиве во Ресен
Во рамки на осмата манифестација „Топол културен бран“, која почнува денеска, во општина Ресен и во преспанскиот регион деновиве ќе има повеќе настани од културата.
Во Домот на културата во Ресен вечер ќе биде отворена самостојна ликовна изложба на Владимир Темков, насловена „Циклус житни полиња“. На 23 јули, пак, во киносалата во Ресен со стендап-комедија ќе гостува актерот Сашко Коцев, а наредниот ден групата ДНК ќе одржи концерт на плажата „Галакси“ во Претор.
Во изминатите седум години во рамки на „Топол културен бран“ биле реализирани над 700 настани проследени од домашна публика и од посетители од регионот.
„Топол културен бран“ како и во изминатите години ќе се одвива во две етапи - од 20-ти до 31 јули и од 20-ти до 31 август. Како што информираше Министерството за култура, манифестацијата годинава ќе понуди над 92 културни настани во 30 општини.
Културни настани во текот на летниот период се одвиваат и во рамки на второто издание на проектот „Културно лето, Културна зима 2015“ кој се реализира во туристички атрактивните и еколошки чисти општини Берово, Ресен, Дојран и Крушево.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ