Почнува 8. Филозофски филмски фестивал
Со проекција на филмот „Ограда против зајаци“ на Филип Нојс, во Кинотека на Македонија вечер од 19 часот ќе биде отворен 8. Филозофски филмски фестивал. Тој е дел од ревијалната програма „Филм-филозофија“ во која ќе има уште пет филмски наслови, придружени со излагања на универзитетски професори и режисери од Македонија и странство и отворена дискусија со публиката за тема инспирирана од филмот.
На годинашниот фестивал, кој во организација на Филозофското друштво ќе трае до 19 април, во официјалната програма ќе бидат прикажани шест долгометражни и 22 кратки филмови. Тие ќе се натпреваруваат за наградите „Златен був“ - за најдобар филм од жирито и од публиката.
Во селекцијата долги филмови, избрани од Кирил Трајчев, професор на Филмската академија на Штипскиот универзитет, се унгарскиот „Граѓанинот“ на режисерот Роланд Враник, украинскиот „Шопенхауер шизофренија“ на Аристарх Нескупов, бразилскиот „Млади и бедни“ во режија на Тиаго Б. Мендонса, романскиот филм „Крај мене“ на Теди Некула, германско-косовската копродукција „Ехо“ на режисерот Дрен Жерка и иранскиот филм „Долг ден“. Кратките филмови, избрани од селекторот Дејан Здравков, ќе бидат прикажани во две вечери, на 15-ти и 16 април.
Ќе има и едукативна програма посветена на најмладата публика и ФФФ Караван по завршување на фестивалот - патувачко кино со филмови од главната програма во Штип, Свети Николе, Прилеп, Битола и Охрид.
Фестивалот почна во 2010 година во организација на Институтот за филозофија, а сега е поддржан од Агенцијата за филм на РМ, Министерството за култура и Град Скопје. Соработува и со Филозофскиот факултет на УКИМ и со четирите филмски академии (Скопје, Штип, Охрид и Универзитеот ЕФТА).
Ново на Сител
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија