Почнува 52-та Минхенска безбедносна конференција
Во баварскиот главен град Минхен денеска почнува тридневната 52. Безбедносна конференција, на која ќе учествуваат околу 600 официјални претставници на држави од целиот свет.
Собирот, на кој е најавено присуство на околу 30 шефови на држави или влади и на 70-тина министри за надворешни работи или одбрана, ќе се оддржи под засилени безбедносни мерки во минхенскиот хотел „Баерише Хоф“.
Меѓу темите на овој најзначаен форум посветен на меѓународната безбедност ќе бидат војната во Сирија, европскиот одговор на бегалската криза и иднината на безбедносниот поредок во Европа.
- Денешните војни и кризи се поопасни и потешки од сите оние со кои се соочивме по Втората светска војна. Поради тоа од исклучителна важност е влијателните политичари собрани во Минхен да разговараат и за идеите за прекин на војните и зајакнување на меѓународниот поредок, изјави претседавачот на конференцијата Волфганг Ишлингер.
Меѓу учесниците на Конференцијата ќе бидат и јорданскиот крал Абдула Втори, претседателите на Полска и Украина, Анджеј Дуда и Петро Порошенко премиерите на Русија, Франција и Ирак, Дмитриј Медведев, Мануел Валс и Хајдер Ал Абади, американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Лорен Фабиус.
Конференцијата заеднички ќе ја отворат шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер и министрите за одбрана на Германија и Франција, Урсула фон ден Лејен и Ив ле Дријан.
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела