Почнува 52. Мегународна ликовна колонија во Струмица
Со ретроспективна изложба „Ликовна резонанца“ на академскиот сликар Марјан Пецев-Захов и со претставување на годинашните учесници, вечер во изложбениот салон во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе почне 52. Мегународна ликовна колонија, најстара ликовна манифестација во Македонија.
Според директорот Иван Јовев, се е подготвено за уште една успешна и богата Колонија.
- Годинава на Колонијата ќе учествуваат 14 уметници од Русија, Турција, Бугарија, Полска, Црна Гора и од Македонија кои ќе творат во наредните 15 дена. Покрај студиото за мозаик, кое го води Александар Филев, годинава ќе профункционира и студио за графичка уметност, со што ќе се збогати фундусот на Струмичката колонија со дела од оваа област на уметноста, изјави Јовев.
Покрај творечкиот дел, во рамките на ликовната колонија учесниците ќе се запознаат и со културно-историските споменици и природните реткости во Струмичко.
Изложбата на делата од годинашната Меѓународна ликовна колонија традиционално ќе се одржи на 11 Септември - Денот на ослободувањето на Струмица.
Ново на Сител
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад