Почнува 29-тата Поетска ноќ во Велестово

Во Велестово на падините на планината Галичица вечер во 21:00 часот започнува 29-тото издание на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово која годинава е посветена на академик Ристо Василевски.
Манифестацијата ќе биде отворена со џез концерт на групата Караванија, по што следува поетски портрет на Ристо Василевски. Беседа за творештвото на Василевски ќе одржи поетот Бранко Цветкоски, а стихови ќе читаат Леа Новеска и Јован Цветкоски членови на НАТГ Аматер од Охрид.
Вечерта ќе продолжи со изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски во тремот на црквата „Успение на пресвета Богородица“, по што следува мал коктел.
Програмата продолжува утре со посета на уметниците кои творат во рамки на АРТ ПОИНТ ГУМНО во Слоештица каде што ќе се одржи поетско читање.
Во недела во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „16 Бугарски поети“ во чии рамки ќе настапат гостите од Бугарија: Владимир Левчев, Поли Муканова, Аксинија Михајлова и Ани Илков
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
