-->
-->
Почнува 15. Албански театар во Македонија
-->
Во Центарот за култура во Дебар вечер почнува 15. Албански театар во Македонија на кој ќе учествуваат теaтри од Македонија, Албанија и Косово.
Фестивалот ќе го отвори градоначалникот Ружди Љата по што ќе биде изведена комедијата „Болен за ум“ на театарот од Куманово, албанска драма, во режија на Ахмет Јакупи.
Албански театар кој традиционално се одржува во Дебар ќе трае шест дена, а љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да проследат осум претстави, од кои една вон конкуренција.
Последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.
Одржувањето на фестивалот финаниски и годинава го подржуваат Министерството за култура на Република Македонија и општина Дебар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?