Почнува 13. Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“

Во уникатниот амбиент на Сарајот во Ресен, денеска по тринаесетти пат ќе биде подигната завесата на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“.
Престижното признание Актер на Европа 2015 на годинашното фестивалско издание што ќе трае до 11 јули и припадна на словенечката актерка Милена Зупанчич од Словенија. Прв пат ќе биде доделено и признанието Клучевите на Преспа, што ќе го добијат францускиот научник Гзавиер Боне кој 20 години ја истражува фауната на влекачите на островот Голем Град и академик Вера Битракова Грозданова, која 40 години од својата научна дејност посвети на историските слоеви на минатото на Преспа, од антиката до денес.
Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стезоски вели дека целта на фестивалот што почна во 2003 година е да го шири европскиот дух преку културата, спојувајќи ги уметниците од различни страни на светот.
- Фестивалот Актерот на Европа беше покренат од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне - „Да се гради Европа, значи да се гради мир“. По прогласувањето од страна на Европскиот парламент на Преспанско Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот“, истакнува Стрезовски, потсетувајќи кои актери досега се закитиле со престижното признание кое се доделува во рамките на фестивалот.
Почнувајќи од далечната 2003 година, кога за Актер на Европа беше прогласен легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија, продолжувајќи со Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, Ана Патерсон од Шведска, Раде Шербеџија од Хрватска, oваа година престижното признание го стекна култната актерка Милена Зупанчиќ од Словенија.
Фестивалот на кој досега учествувале повеќе од 150 претстави од речиси сите европски земји, се одржува во организација на Езеро без граници, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
