Почнаа досега најголемите воени вежби на НАТО во Полска
Полска и повеќе други земји членки на НАТО денеска ги почнаа досега најмасовните воени вежби на полска територија, во момент кога земјите од Централна и Источна Европа бараат цврсти безбедносни гаранции по загриженоста поради експлицитноста и акциите на Русија.
Истовремено, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска по состанокот со финскиот колега Томи Сони изјави дека во регионот на Балтичкото Море не постојат закани кои би ја оправдале милитаризацијата на таа област, јави ТАСС.
Лавров исто така порача дека Москва има суверено право да примени адекватни мерки, како одговор на експанзијата на НАТО.
Воените вежби насловени како „Анаконда-16“, кои ги предводи Полска, почнаа денеска во Варшава, а во нив учествуваат околу 31 илјада припадници на воените сили на Полска, САД и уште 17 членки на НАТО, како и пет партнерски земји.
Вежбите ќе траат до 16 јуни, а ќе се тестира соработката меѓу сојузничките команди и силите во пружање одговор на воени, хемиски и кибер закани.
Иницијативата за одржување на „Анаконда-16“ ја покрена Полска во 2006 година, а во тоа постепено и се придружија и многу држави членки на Алијансата.
Овие вежби се дел од програтама на НАТО и се одржуваат само неколку недели во пресрет на клучниот самит на Алијансата во полскиот главен град, за кој се очекува дека ќе заврши со одлука значителен број војници и опрема на НАТО да бидат базирани во Полска и балтичките земји.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест