-->
-->
Почнаа Богородичните пости - Сите денови се пости на вода
-->
Православната црква и нејзините верници денеска го одбележуваат почетокот на Богородиичниот пост кој трае до 27 август. Овој пост претходи на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица, која се одбележува на 28 август.
Богородичниот пост е најкраток, двонеделен пост, но многу е строг, пред кој построг е само Велигиденскиот пост.
Сите денови се пости на вода, освен недела кога се дозволени масло за јадење и вино.
Во време на Богородичниот пост паѓа и големиот празник Преображение и тој ден се јаде риба без оглед во кој ден паѓа празникот.
Според народното верување, сите обичаи за денешниот ден се врзуваат за вода и босилек, за кој се верува дека е божјо растение. Поради тоа во јадењето, домаќинките денеска треба задолжително да стават малку босилек бидејќи се верува дека тој ќе ви го штити здравјето цела година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград