-->
-->
Почна зимското сметање на времето
-->
Утринава во 03:00 часот почна зимското сметање на времето.
Зимското сметање на времето почна денеска во 3:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 2:00 часот, информираат од Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31 октомври во 3:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3:00 часот се смета како 2:00 часот.
– Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, се вели во соопштението од Бирото за метрологија.
Одлуката е објавена во Службен весник на Македонија број 68 од 25 март 2021 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
-
Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
-
УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
-
Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари