Почна вакцинација во Латинска Америка
Медицинска сестра од Мексико е првата личност во Латинска Америка што прими вакцина против коронавирус во програмата за вакцинација на таа земја, која започна во четвртокот.
Истиот ден започна вакцинацијата и во Чиле и Костарика, додека Аргентина ќе почне за неколку дена.
Мексико, кој доби 3.000 дози вакцина на „Фајзер“, има најголем број смртни случаи од коронавирусот , по САД, Бразил и Индија, објави Би-Би-Си.
Што се однесува до Аргентина, тие ќе започнат да вакцинираат во следните неколку дена, но во Буенос Аирес. Кога е во прашање почетната фаза на вакцинирање, тие се одлучија за Спутник V, така што Русија во четвртокот достави 300.000 дози вакцини.
Бразил, кој има најголем број починати во Јужна Америка, нема да започне со вакцинирање до средината на февруари, и покрај големиот број заразени од Ковид-19.
Ново на Сител
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид