Почна уписот на студенти во прва година на Економскиот факултет во Кочани
На Економскиот факултет во Кочани, кој работи во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, од денеска до 19 август, трае уписниот рок за студенти во прва година за академската 2016/2017 година.
- На нашиот факултет во Кочани во овој прв уписен рок е планирано да се запишат 80 студенти од кои 60 во редовната квота за студии, а 20 вонредни студенти. На Економскиот факултет во Кочани ќе се реализираат студиите од сметководство, финансии и ревизија, изјави професор д-р Оливера Горгиева Трајковска.
Таа посочи дека интересот за упис на идните студенти е во рамки на очекувањето, бидејќи, како што рече, останатите насоки од Економскиот факултет ќе се реализираат во Штип.
Уписот на идните студенти на Економскиот факултет во Кочани ќе значи и намалување на трошоците за студирање надвор од местото на живеење. Се очекува запишување на студенти и од соседните градови од источна Македонија.
Ново на Сител
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-
Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул
-
Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
-
Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико
-
Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа
-
Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел