Почна учебната година во струшките училишта
Почна новата учебна година за 605-те првачиња во 11 основни училишта во Струга и струшко.
Учебната година ја стартуваа и останатите основци и средношколците во двете средни училишта, но информација за точната бројка од Секторот за образование во Општина Струга најавија за следната недела.
Успех на сите ученици им посака градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на официјалната фејсбук страница на општината.
- Денеска е многу возбудлив ден за првачињата кои за првпат ќе седат во училишните клупи, каде што за прват ќе учат за буквите, бројките, пишување и читање. Посакувам да бидат успешни, а на нивните родители да им се радуват на успесите, стои во честитката.
Бројот на првачиња во Струга е намален за шест во однос на минатата година кога биле запишани 611 во прво одделение во 11-те основни и 24 подрачни училишта.
Шефот на Кабинетот на градоначалникот и раководител на секторот образование во Општина Струга информираше дека струшките училишта се подготвени за стартот на новата учебна година.
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква