-->
-->
Почна тестирање со брзи тестови во Кочани, Кавадарци, Велес и Куманово, Битола и Делчево
-->

Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.
И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.
Досега, на девет локации во Република Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.
Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски - брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје