Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина

Во Основниот суд Штип денеска почнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б. Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар.
Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот што го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила сестра ѝ.
Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б. Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.
По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детаљно објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР, објавено на 16 ноември 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем
-

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
