Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.
Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ во значителна вредност од 507.632.173 денари.
На сите обвинети им се става на товар кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 5 в. в. став 4 в. в. став 1 в. в. член 22 од Кривичниот законик за кое е предвидена затворска казна од најмногу пет години.
Преку автоматска распределба предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска-Јовевски.
Првообвинетиот, поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, сè уште е недостапен на органите на прогонот, односно тој е во бегство, и за него Обвинителството бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена, а за вториот обвинет - Артан Груби - предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост - привремено одземање патна исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница.
Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор, во согласност со член 470 став 4 од Законот за кривичната постапка, може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена, сметано од 13 август.
Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
