Почна средбата Заев – Ахмети во Клубот на пратниците
Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети во Клубот на пратениците ја почнаа средбата на која ќе се разговара за претстојните претседатели избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.
Заев е придружуван од Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ, а Ахмети од Артан Груби и Атила Реџепи.
Пред средбата за Ахмети, Заев во изјава за медиумите на промоцијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје, оцени дека начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат. Најави дека ќе разговара со лидерите и на другите коалициски партнери од албанскиот блок – со БЕСА на Африм Гаши, со Мендух Тачи од ДПА, како и со Зијадин Села од Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами.
Целта на разговорите, како што истакна, е да се види дали може сите да застанат зад заеднички кандидат кој е прифатлив за сите граѓани од секаква политичка, етничка и социјална припадност.
– Верувам дека тоа е изводливо. Ако го направиме тоа, уште еднаш го потврдуваме „едно општество за сите“ и праќаме сериозна порака за охрабрување кон граѓаните за нашата одговорност да се надминеме себеси и да застанеме зад личност за која однапред веруваме дека ќе биде одличен претседател на Република Северна Македонија, изјави Заев.
Али Ахмети, пак, вчера во интервју за РТК рече дека во ДУИ има волја да се постигне договор за консензуален кандидат за претседател со владините коалициски партнери, но оти тоа зависи од двете страни.
Ново на Сител
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ

