Почна собраниската седница за пратенички прашања
– Во Собранието претпладнево почна седницата за поставување пратенички прашања. На почетокот од седницата со процедурални забелешки се јавија координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Мицевски и Јован Митрески.
Мицевски се осврна на минатата седница посветена на пратенички прашања, упатувајќи апел до замениците министри да доаѓаат подготвени на седниците, бидејќи, според него, постојано добиваат одговор дека прашањата ќе им бидат писмено одговорени.
Потоа процедурално се јави Митрески, кој рече дека мислел оти Мицевски во процедуралната забелешка ќе се одважи на повикот на пратеникот Миле Талевски „да се извини за сите лаги што ги искажаа во претходниот период, особено за преговарачката рамка“.
– Договорот што Владата го потпиша со ФРОНТЕКС е на чист македонски јазик, без додавки, без придавки, без фусноти, без ништо – чист македонски јазик. И бидејќи вистината е најсилниот лек на лагата, денеска на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе им поделиме по еден примерок од Договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик без фусноти, без додавки, рамноправен со сите 24 јазици на ЕУ. И нека видат дека со лаги и манипулации не се води политика, дека не се дел од државничката одлука и дека треба конечно да се приклчуат на европскиот пат на државата како Македонци, со македонски идентитет, со чист македонски јазик ќе станеме членка на ЕУ, нагласи Митрески.
Мицевски на ова одговори дека уште од првата спогодба за соработка меѓу државава и Европската заедница од 1996 година до денес се што потпишала земјава е потпишано на македонски јазик.
– Ова што денеска го кажувате како успех на вашето неработење, да се радуваме дека се потпишуваме на нашиот македонски јазик на кој се потпишуваат сите документи од 1996 година па наваму, рече Мицевски и повика да се оди на предвремени избори.
Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски нагласи дека до овој момент ниту еден пратеник не поднел барање за распуштање на Собранието.
– На избори може да одиме само ако 61 пратеник гласаат за распуштање на Собранието, кога ќе има таков предлог јас тврдам дека претседателот на Собранието ќе го пушти во собраниска процедура и ќе дебатираме. Ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори ќе одиме на избори, Уставот и деловникот се многу јасни и децидни, рече Мисовски.
Ново на Сител
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле