Македонија
8. July 2015 - 19:31

Почна собраниската процедура по препораките од извештајот на ПРИБЕ

Собранието ја започна дебата за Итните реформи и препораките кои произлегоа од извештајот на Европската комисија која ја предводеше Рејнхард Прибе. Според извештајот местото на секоја избрана партија е во Собранието. Пратениците се согласни со препораката на европската комисија  дека за поефикасни реформи, потребен е конструктивен политички дијалог меѓу Владата и опозицијата.

Во врска со барањето на Европската комисија во пракса да се обезбеди автономија на Регулаторната комисија за енергетика и комисијата за заштита на конкуренција, пратениците сметаат дека и покрај тоа што овие тела се целосно независни во својата работа, сепак има области во кои Собранието може да помогне.

Листата на итни реформи и препораките на Европската комисија утре ќе ги разгледуваат и останатите собраниски комисии за финансирање и буџет, комисијата за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и собраниската комисија за транспорт, врски и екологија.