Почна со работа регионалниот пункт за вакцинација во Струмица
Регионалниот пункт за масовна вакцинација во Струмица лоциран во новата спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров“ денеска почна со работа.
Според директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева, вчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската „Синофарм“, а од утрово од 08:00 часот вакцинацијата тече во најдобар ред.
-Покрај кинеските имаме 396 дози вакцини „Фајзер“, кои се наменети за ревакцинација на лица над 70 години старост, а денес почнаа да се вакцинираат лицата кои се пријавени до 30 минатиот месец. Пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт, посочи Митева.

Додаде дека интересот за вакцинирање е голем, а повеќе граѓани кои имале термин во Штип се пријавиле вакцината против Ковид-19 да ја примат во Струмица и тие ќе бидат вакцинирани.
Пунктот денеска го посети и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој го истакна своето задоволство од можноста граѓаните од овој регион да се вакцинираат тука.
-Пред се сум задоволен што нашите граѓани нема да патуваат во други општини да се вакцинираат. Вакцините се најсилното оружје против оваа пандемија. Повикувам граѓаните масовно да се вакцинираат и што побрзо да се вратиме во нормалниот живот, рече градоначалникот Јаневски.
Дневно во регионалниот пункт за вакцинација во Струмица се очекува да се вакцинираат околу 500 граѓани.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
