Почна со работа новата компанија оне.Вип
Официјално почна со работа новоформираната компанија настаната со спојувањето на телекомуникациските оператори Вип и Оне. Оне.Вип вчера е регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија. Стартува со 1,3 милиони корисници, односно сим картички, и 53 проценти пазарен удел.
Извршниот директор на Оне.Вип Никола Љушев на денешната прес-конференција на која го соопшти почетокот на работата на новата компанија, рече дека новата компанија како наследник на Вип и Оне ќе биде посветена на инвестирање во технологија и корисници. Смета дека појавувањето на новиот субјект ќе делува стимулативно на конкуренцијата.
- Ќе понудиме нови производи, услуги и нова содржина задржувајќи го фокусот на кон потребите на корисниците. Истовремено ќе бидеме оние кои ќе ја стимулираат конкуренција, кои ќе инвестираат во инфраструктурата, иновации и технологија, рече Љушев.
Како што рече Љушев сега ќе следи период на целосна интеграција на сите оперативни и технички системи што се очекува да се комплетира до крајот на 2-16 година. Компанијата ќе продолжи да функционира преку посебни мрежи, системи за наплата, тарифни портфолија и продажни места, што значи дека корисниците и понатаму ќе ги задржат своите постојни договори и ќе продолжат да ги добиваат услугите под истите улсови, квалитет и цени, како и досега.
Во Оне.Вип, како што рече, ќе бидат задржани сите 900 вработени. Посочува дека 60 отсто од тие работат директно со корисниците, а доколку компанијата се двиожи како што очекуваат нема да има намалување на вработените.
Вип и Оне во Македонија почнаа да работат како гринфилд инвестиции. Оне во 2003, а Вип во 2007 година. Договорот за спојувањето на подржниците на Телеком Австрија и Телеком Словенија беше објавен на 22 октомври 2014 година. Според Договорот во новата компанија Австриската групација поседува 55 проценти, додека Телеком Словенија 45 проценти.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство