Почна снимањето на третата сеозна на серијата „The Fall“
Џејми Дорнан, еден од најпосакуваните машки актери на денешницата, по паузата за филмот „50 Shades Darker“, конечно се враќа и на малите екрани.
Откако неговата колешка Џилијан Андерсон заврши со снимањето на новите епизоди на „Досиеја Икс“, Џејми и остантите челнови на екипата од серијата „Te Fall“ повторно се собраа и почнаа со работа на третата сезона.
Да потсетиме, во серијата „The Fall“, Џејми го игра сексуалниот манијак и сериски убиец Пол Спектор, кој се крие зад ликот на примерен сопруг и татко и советник во својата заедница.
Злобен, но исклучително интелегентен, Пол Спектор убива жени не оставајќи никакви траги, но почнува „да му гори под нозете“ кога на патот му застанува инспекторката Стела Гибсон (Џилијан Андерсон), со која започнува опасна игра.
Новите епизоди се снимаат во Белфаст, а на сцената се враќаат сите главни актери од првите две сезони.
Во новите епизоди ќе видиме како Пол преживеа и дали заради сите свои злосторства ќе заврши в затвор и како ќе реагира неговото семејство.
Новите епизоди ќе се емитуваат кон крајот на годината, јави „Дигитал Спај“.
Но, сепак има и една лоша вест за љубителите на серијата: се очекуваат само пет епизоди, кои најверојатно ќе го означат и самиот крај на „The Fall“.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба