Почна шпицот во наводнувањето од ХМС „Тиквеш”
Почна шпицот во наводнувачката сезона со вода од хидромелиоративниот систем „Тиквеш”, информира денеска Илија Темелковски, технички директор во Водостопанство „Тиквеш” од Кавадарци.
- Дводневната пауза во наводнувањето поради редовното чистење на каналите од алги, но и пеколните горештини си го направија своето. Сега сите сакаат да наводнуваат, рече Темелковски.
Тој истакна дека побарувачката за вода за наводнување во моментов е поголема од капацитетот на системот кој е максимално искористен и изнесува 10 илјади литри вода во секунда.
- На терен имаме зголемен број на работници кои вршат повремени редукции на одделни линии со цел сите водокорисници да добијат вода за наводнување за своите земјоделски култури, соопшти директорот.
Темелковски додаде дека годинава околу 8.500 хектари ќе бидат опфатени со наводнување од овој систем кој обезбедува вода во неколку општини. Дневно, со вода од Тиквешкото Езеро се наводнуваат и до 700 хектари земјоделска површина.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите