Македонија
23. September 2015 - 20:27
Почна санацијата и уредувањето на коритото на реката Треска
Почна санацијата и уредувањето на коритото на реката Треска, а за десетина дена треба да заврши и реконструкцијата на улиците во селото Шишево. Се работи за реализација на ветувањата кои премиерот Груевски им ги даде на жителите при неговата посета на почетокот на септември.
На увид на уредувањето на Треска беше градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој очекува по зафатите жителите да можат да си ги повратат обработливите површини низ кои сега минува реката.
Трајановски информираше дека претпријатието Улици и Патишта врши подготовки за асафалтирање на улиците од селото Шишево и дека ветеното ќе се реализира за десетина дена.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
