Почна риболовната сезона на Калиманци

Државна риболовна легитимација, дневна карта која чини 200 денари или сезонска од 2.000 денари, се услов за ловење риба на езерото Калиманци кое ја отвори сезоната.
Претстедателот на Спортското рибиоловно друштво „Шаран” од Македонска Каменица Горан Стоименовски информира дека картите може да се подигнат единствено кај „Прангов”, во центарот на Македонска Каменица.
- Почнуваме со рибловната сезона. Очекуваме нашите членови кои се 220 на број да ги почитуваат правилата. Ние како Здружение секоја година со поддршка на Општината и РОС Саса вршиме порибување, претежно со крап, а целта ни е езерото Калиманци да прерасне во атрактивна дестинација за рекративен и спортски риболов, рече Стоименовски.
Досега покрај езерото Калиманци двапати се организира риболовен куп „Калиманци“ каде учествуваат натпреварувачи од Македонија и соседните држави. - И оваа година ќе организираме ваков куп, во август. Засега добро течат подготовките, истакна Стоименовски.
Според него, единствен проблем на езерото Калимаци е рибокрадството.
- И покрај рибочуварите, несовесни рибари со мрежи прават огромни штети на рибниот фонд. Затоа, апелирам и до надлежните да прават поголеми контроли на езерото, рече Стоименовски.
Воедно најави дека „Шаран“ ќе направи хемиска и билошка анализа на водите на Каменичка Река, со цел да се откријат причините зошто во неа нема жив свет.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
-

Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк
-

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците
-

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
