Почна реконструкцијата на патот Робово - Муртино
Почна реконструкцијата на регионалниот патен правец Робово-Муртино кој води кон Бања Банско. Се работи за пат изграден пред речиси педесет години и ова е прва реконструкција од неговата изградба. Делницата е долга 3, 5 километри, а за нејзина рехабилитација се одвоени 48 милиони денари. Реализацијата на овој проект е по барање на граѓаните од општините Струмица и Босилово, односно жителите од двете села низ кои поминува самиот пат.
Градоначалниците на општините Струмица и Босилово велат дека се работи за еден од пофреквентните патни правци во регионот кој е од витално значење. Неговата реконструкција ќе значи поголема безбедност во сообраќајот, но и подобрени услови за локалниот економски развој.
Според најавите рехабилитацијата ќе се одвива во две фази. Во првата се опфатени населените места Робово и Муртино, додека во втората ќе следи и поврзување на делот кој е надвор од самите населени места со можност за негово проширување.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар