Почна расправата во бугарскиот Парламент за предлог-одлуката за Северна Македонија и Албанија
Со големо мнозинство пратениците од 47. Народно собрание на Бугарија се согласија да биде ставена како прва точка на дневниот ред на Парламентот предлогот-одлуката за Северна Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.
Од присутните 229 пратеници во Народното собрание, 210 гласаа за точката на дневен ред, а 11 беа против.
Тошко Јорданов од партијата ИТН на Слави Трифонов го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги декласифицира документите од неговиот Национален советодавен совет претходно оваа година за да се види што рекол тогаш премиерот во оставка Кирил Петков.
Според локалните медиуми во Софија, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Северна Македонија, која има 174 гласа.
Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Република Северна Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.
Ново на Сител
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
